Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Водостопанство „Кумановско-липковско поле„ добило осум пресуди од Управниот суд со кои на ЈП „Водовод„ му се налага да плаќа поскапа испорачана сирова вода за 2010 година.
Конечно се потврдува дека формираната цена од наша страна е правилна и законита. Во пресудите се потврдува обврската на ЈП Водовод за плаќање за испорачана и примената вода за цела 2010 година.Сумата изнесува над 28 милиони денари, а со каматите ќе биде уште поголема. Сакам исто така да потенцирам дека оваа цена на сирова вода не смее да предизвика покачување на цената на водата кон граѓаните-рече директорот Дејан Божиновски на денешната прес конференција.
ЈП „Водовод„ за суровата вода плаќа по 2,2 денари за литар кубен, додека Водостопанство бара цената да биде од 4,2 денари.На почетокот на годината Советот на Општината не го прифати предлогот на водостопанство, поради што повеќегодишниот проблем помеѓу двете претпријатија околу цена на водата продолжи.
Граѓаните повторно ќе ја плаќаат цената на погрешните одлуки на локалната самоуправа, сега само со камата.Тоа се случува последните 20 години- рече Божиновски.