Следува период на потопло време
06.02.2011 11:20
| KumanovoNews
Во државата денес ќе преовладува сончево со слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од деветтиот од 15 Целзиусов степен.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво, преку денот сончево и потопло. Особено топло ќе биде на планините и на повисоките места, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Извесен пад на температурата на воздухот ќе има од средината на неделата.