×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Словачка ќе развива раноградинарство во Старо Нагоричане

    06.04.2012 08:23 | KumanovoNews

    Словачки фирми, кои произведуваат раноградинарски култури, вино и овоштарство ќе им се понуди да инвестираат во Општината Старо Нагоричане.

    Словачка ќе развива раноградинарство во Старо Нагоричане

    Ова меѓу другото го најави амбасадорот на Словачка во Македонија, Роберт Кирнаг при неодамнешната средба со градоначалникот Миодраг Јовановиќ.

    "Разговаравме за можности за инвестирање во одредени сегменти согласно условите кои ги нуди Oпштината, а советниците и локалната администрација имаа можност да слушнат за искуствата на Словачка како членка на ЕУ и кои се можностите за равој на малите општини, како што е Општина Старо Нагоричане"- вели градоначалникот Јовановиќ.

    Амбасадорот на Словачка, истакна дека општината нуди позитивна клима за развој на индустриските капцитети, а посебно ја посочи незагадената околина за развој на турзмот, но и близината на главниот град како предуслов за инвестирање во индустриски капацитети.

    "На денешната средба разговаравме за можности за производство на струја преку соларна енергија, но и за трговија со овошје и зеленчук. Македонија нуди одлични услови за производство на ран зеленчук кој се извезува и во Словачка"- рече амбасадорот Кирнаг.

    Амбасадорот со преставниците на локалната власт на Старо Нагоричане разговараше и за соработка во областа на културата и образование, и  понуди стипендии за студенти од Старо Нагоричане.