Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученици од прво до петто одделение од скоро сите основни училишта во Куманово, денеска подаруваа цвеќиња на дамите кои поминуваа на Градскиот плоштад во Куманово.
Акцијата се спроведува по повод 8 Март - Меѓународниот ден на жената, под мотото „Со почит и љубов кон вас, одгледано од нас“.
„Подаривме цвеќиња, кои учениците сами ги одгледале. Но, имаше и рачни изработени украси и брошеви, се со цел заеднички да го прославиме Интернционалниот ден на жената. Инаку се работи за ученици од прво до петто одделение, а засадувањето на цвеќињата беше во соработка со ЈП „Чистота и зеленило“, истакна наставничката Душица Јакимовска, една од организаторките на овој настан.
Во акцијата учествувале 180 ученици и 40 наставничка од основните училишта: Браќа Миладиновци, Крсте Мисирков, Кочо Рацин, 11 Октомври, Христијан Карпош, Вук Караџиќ, Карпош- Умин Дол и Кирил Методиј од селото Романовце.
Возрасните кумановки беа пријатно изненадени и ја поздравија акцијата.
„Си добив рачно изработен брош и цвеќе кое ќе си го пресадам. Одлична идеја и токму погодено времето кога започнуваме со раззеленување на дворовите и домовите“, истакна пензионерката Наде С.
Организатор на настанот е подрачната единица од Куманово на Здружението на одделенски наставници ЗОН „Учител“ на Македонија.