Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Невработени лица до 27 години посетуваат обука за козметичари во средното земјоделско училиште "Киро Бурназ". Оваа обука трае веќе еден месец, а се реализира во соработка со Агенцијата за вработување и Центарот за стручно образование, со мерките за преквалификација на невработените лица.
Доставивме проектот до Центарот за стручно образование и добивме повратна информација дека можеме да организираме обука според наставната програма за модулот помошник-козметичар.Десетина возрасни ученици ја посетуваат теоретската и практичната настава која се изведува во кабинетите за козметичари, веќе два месеци -вели Татјана Митевска, заменик-директор во "Киро Бурназ".
По завршување на обуката, учесниците добиваат уверение за стручна оспособеност, а потоа ќе можат да го продолжат своето практично образование уште еден месец во козметичките салони во општината. По целосната настава и обука, овие лица ќе можат полесно да конкурираат за работа од оваа насока. Училиштето " Киро Бурназ" најавува дека ќе достави и проект до Центарот за стручно образование и за обука за безбедно ракување и управување со трактори,при што во правата фаза од овој проект се очекува да се реализира обука за професорите агрономи од земјоделските училишта, а потоа ќе следи и обуката за возрасните лица.