×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со репетирана пушка им ги одзеле парите

    05.04.2011 14:36 | KumanovoNews

     Ветеринарните лекари и техничари С.А.(42),Г.Г.(41),С.С.(44) и М.П.(32), кои се враќале од работа од селото Гошинце се нападнати и ограбени од разбојници кај Липковската брана.

    Со репетирана пушка им ги одзеле парите

    Инцидентот се случил, синоќа во 20.20 часот, на патот Гошинце -Думановце.  Ветеринарите налетале на препрека на патот од нафрлани дрвја, која со возилото се обиделе да ја преминат. Тогаш од зад грмушката излегле тројца маскирани мажи со чорапи на главите, вооружени со автоматска пушка. Тие го впериле оружјето кон ветеринарите и се заканиле дека ќе ги убијат ако не им ги дадат парите што ги имаат. При тоа им одзеле околу 50.000 денари, мобилните телефони, го претреселе возилото и ги пуштиле да си заминат. Еден од ветеринарите успејал да го сокрие мобилниот телефон и да се јави кај директорот на центарот. Веднаш била известена и полицијата која излегна на терен. Поради шокот што го доживеале, на еден од нападнатите им се слошило, поради што интервенирала и лекарска екипа.

    Директорот на центарот Јовица Стојковски вели дека ова е првпат нивни вработени да бидат нападнати во Липковско од воениот конфликт во 2001 година.

    Не ги малтретирале, но го репетирале оружјето на еден од вработените.Вработените се во полиција да дадат исказ, а се надеваме дека сторителите ќе бидат пронајдени и казнети - вели Стојковски.

    Се претпоставува дека криминалната група е од селата во Липковско, каде што биле ветеринарните екипи, бидејќи разбојниците точно знаеле кај кого се наоѓаат парите што ги наплаќале од селаните за извршената работа.