Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Новата фината за бегање од Македонија веќе се шири меѓу социјално загрозените во Куманово, Липково и Шуто Оризари од каде има најголем притисок за визната либерализација.
Македонски државјани побарале азил во неколку земји членки на ЕУ врз основа на сексуална дискриминација. Пред тамошните власти тврделе дека се хомосексуалци и дека во Македонија не можат слободно да ја изразат нивната сексуална ориентација, па затоа бараат заштита. Новата фината за бегање од Македонија веќе се шири меѓу социјално загрозените во Куманово, Липково и Шуто Оризари од каде има најголем притисок за визната либерализација. Пред да тргнат на пат за Европа, некој ги подучувал како да бидат уверливи и што да направат кога ќе стигнат таму. Од неофицијални полициски извори дознаваме дека некои лица за да бидат поуверливи пред властите, се зачленувале во хомосексуални здруженија, кои потоа во нивно име поднесувале барање да останат во земјата. Полициските информации кажуваат дека покрај познатите дестинации Германија, Белгија и Шведска се зачестена е појавата на патувања во Шпанија, Португалија и Андора.
Тие одат во земјите каде што се полибералени во однос на сексуалната ориентација. Дел од нив дури и се проституираат за 50 до 100 евра додека да се снајдат. Потоа се враќаат во Куманово со пари и ги пренесуваат своите искуства, а најверојатно и агитираат на други лица да заминат. Доволно е само да кажат дека лесно дошле до заработувачка и тоа да се прошири кај сиромашното населени и другите да тргнат по нивниот пат. Меѓу лицата има и евидентирани сторители на кривични дела и прекршоци - вели нашиот извор.
Од СВР Куманово потврдија дека слушнале за ваквите информации и велат дека работат на терен, но несакаа да дадат повеќе информации додека не дојдат до конкретни докази и податоци.
Куманово-липковскиот регион од стапување на сила на визната либерализација го тресе азилантска треска, и жителите бараат разни начини да избегаат од државата. Пред шест месеци, на пролет, заминуваа цели семејства , а сега на печалба одат главно мажите. Петнаестеина вработени од едно јавно претпријатие ја напуштија работа за да заминат во странство и покрај апелите на меѓународната заедница дека веднаш ќе бидат враетени, а Македонија ќе биде казнета поради ваквото однесување на граѓаните.