Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Делегација на младите на Демократската партија на Србите во Македонија присуствуваше на десетото редовно собрание на младите на Демократската партија на Србија во Белград.
На собранието се обратил претседателот на младите на ДПСМ Далибот Китановиќ, кој искажал задоволство од досегашпната соработка, и најавил дека истата успешно ќе продолжи во наредниот период.
Членовите на делегацијата се сретнала и со поранешниот премиер на Србија и претседател на ДСС Војислав Коштуница.
Раководството на младите оствариле средби и со представниците на Демократската заедница на младите на Европа, младите на Нова Демократија од Грција, младите од партијата Напред од Италија, младите на Српска демократска странка од Република Српска и представниците на Младара гарда на партијата на Владимир Путин Единствена Русија како и со потпретседателот на Општината Вождовац.