Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска во Локалната самоуправа во Куманово претстојуваше Питер Соренсен, висок претставник на Канцеларијата Европската унија во Република Македонија.
Ова е прва негова официјална посета во Куманово. Тој за време на претстојот оствари средба со градоначалникот Зоран Дамјановски, а потоа и со и со претставници на политичките партии во Советот на Општината.
„Гостинот на средбата се интересираше за функционирањето на Локалната самоуправа, а главна тема беше децентрализацијата и регионализацијата во Република Македонија. Сведоци сме дека Европската унија на овие два процеса им даде силна поддршка и поттик, и помогна во импементацијата на многу закони за зајакнување на локалната самоуправа и реализација на многу проекти. Господинот Соренсен се интересираше и за имплементацијата на Законот за рамномерен регионален развој. Јас како претседател на регионалната заедница за стопанскиот развој го информирав за состојбите и за тоа дека неможе да се замисли натамошниот развој на демократијата и натамошната интеграција на Македонија во Европската унија без целосна имплементација на овој закон. Се надевам дека тој ќе даде силен поттик на натамошната мониторинг мисија и корекција на некои од законите во делови што би придонеле за побрз развој на регионалните заедници‘‘ – изјави градоначалникот Дамјановски.