Советниците гласаа по електронски пат
26.01.2011 15:30
| KumanovoNews
Од денеска стартувавме со оваа новина, електорнско гласање и се надевам дека во иднина ќе го надополниме и надоградиме овој систем.

Покрај гласањето, електронски ќе се следи и редоследот на пријавување за дискусија, што многу пати до сега било проблем кога истовремено има повеќе пријавени за советнички прашања и објективно не можеше да се утврди нивниот редослед -рече претседателот на Советот Виктор Цветковски.
Преоктот електронско гласање со софтверското и хардверско решение чини околу 300 илјади денари.
Гласањето со кревање рака и пребројувањето на гласовите е веќе минато и за кумановскиот законодавен дом.