Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Информацијата за преземените мерки и активности од страна на Полициската станица од општа надлежност Куманово во текот на четвртиот квартал на 2010 година, не е прифатена од страна на советниците.
За истата гласаа 11 советници, двајца беа против, а 17 се воздржаа од гласањето со што информацијата не наиде на позитивен прием, но без заклучок што понатаму. По информацијата се расправаше повеќе од два часа.
„Не можеме да бидеме задоволни од работата на Полициската станица ако го знаеме хаосот во сообраќајот. Сообраќајниот метеж во Истанбул е ништо во споредба со метежот во Куманово„- споредуваа советниците.
Неможе да има безбеден сообраќај кога на 15 моторни возила доаѓа по едно место за паркирање. Имаме 32 илјади регистрирани возила, а 2.000 паркинг места. Потребна е нова стратегија за уредување на локалниот, гратски сообраќај„ - смета Стефан Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Дел од советниците, вклучително и од мнозинството, изразија незадоволство и од наводите во информацијата во другите сегменти од општата бедбедност и сигурност во Општината
„Како да прифатиме податок дека се запленети таму некаков еден или два куршуми, или 1,5 грама хероин?„ -прашуваа советниците.
Единствен надлежен за одговори на седницата беше заменикот командир на кумановската полициска станица Насер Ајдини, кој образложи дека главна причина за недоволните резултати е недостигот од кадри и нивната сеуште недоволна опременост.
На седницата Советот без посебна расправа усвои уште неколку извештаи за минатата и програми за оваа година.