×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советот го подржа концертот на Џиновиќ

    18.10.2010 12:31 | KumanovoNews

     Советниците ја изгласаа Програмата за културни манифестации во последното тромесечје од годината што тежи 5,4 милиони денари.

    Советот го подржа концертот на Џиновиќ

     Со тоа дадоа зелено светло за одржувањето на концертите на Градскиот плоштад по повод 11 Ноември - Денот на ослободување на градот и Нова година, како и реализација на другите културни и спортски манифестации во наредниот период.

    Доаѓањето на босанската ѕвезда Харис Џиновиќ ќе чини 15 илјади евра со сите платени даноци само затоа што искористивме некои врски, а инаку цената на овој пејач е 35 илјади евра за редовен концерт и 55 иљади евра за новогодишен настап. 11 Ноември е значаен датум за градот и затоа сакавме изборот на пејачот да биде на задоволство на сите граѓани, а притоа да не ја нарушиме традицијата да организираме мега-концерти на познати ѕвезди.Исто така започнавме преговори со некои македонски и албански ѕвезди за пречек на нова година- објасни пред советниците Жика Крстевски, раководител на Секторот за култура.

    Хонорарот на Џиновиќ ќе изнесува 10 илјади евра, а договорот ќе биде потпишан деновиве, кога ќе се знаат сите детали околу неговото доаѓање. Советниците Албанци побараа за нивниот верски празник Бајрам на 19 ноември да биде организиран концерт под покровителство на Општината што беше прифатено од изготвувачот на програмата.