×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Современ третман со ботокс за коса во салонот “Нела“

    30.08.2012 13:50 | KumanovoNews

     Третманот со ботокс е последно достигнување во козметиката за нега на коса и има примена во најреномираните салони во светот.

    Современ третман со ботокс за коса во салонот “Нела“

    Во фризерското студио “Нела“ од неодамна се практикува најсовремен начин за третирање на коса со ботокс. Третманот со ботокс е последно достигнување во козметиката за нега на коса и има примена во најреномираните салони во светот. Според стручните лица, ботоксот дејствува во с’ржта на влакното и помага да се пополни неговата внатрешност. Кога ќе дојде во контакт со влакното, молекулите се обликуваат според внатрешната структура на влакното и го прави пофлексибилно. Со тоа го спречува неговото кршење и кинење.

     Овој третман е потребен на жените кои често ја бојосуваат и пеглаат косата или ја изложуваат на сонце.  Особено е препорачливо во време и по летните одмори. Вака третираната коса лесно се обликува, ќе изгледа здраво и сјајно. Со тоа се постигнуваат извонредни резултати за регенерација на влакното, и се подобрува квалитетот на косата. Досега третманот го практикувале повеќе наши сограѓанки и резултатите се извонредни- вели Нела Захариева, сопственик на фризерски салон “Нела“..

    Таа препорачува кршлива и оштетена коса да се негува исклучиво со ботокс и да не се остава да се суши и опаѓа.

     Се изненадивме колку нашите жени се интересираат за ваков третман. Цената е пристапна, а услугата извонредна. Третманот трае еден час. Во текот на две недели се прават три третмани и косата е убава во наредните шест месеци. Ако досега кумановки одеа во салони во Скопје, сега ја имаат истата услуга и овде. Така ќе заштедат време и пари, а ќе изгледаат убаво и негувано  - додава Захариева.

    Во козметичката индустрија ботоксот наидува на широка примена. Научниците сметаат дека со текот на годините косата старее и потребно е таа да се заштити со помош на ботокс. Еден од најреномираните фризерски салони во градот секогаш е во чекор со времето и со развојот на технологијата, се во интерес на убавината и негата на жената.