Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на бранители 2001 Куманово со задоволство ја прими веста дека не е потребно бадинтерово мнозинство во Советот, за да се изласа одлуката за изградба на споменикот на бранителите што загинаа во конфликтот во 2001 година.
Ние тоа го знаевме уште пред 3 години, кога ја поднесовме иницијативата, но ќе ги замолите локалните власти во најскоро време да започне со изградбата на споменикот.Ние не сакаме да креваме меѓуетнички тензии во предизборието, и ќе почекаме локалната власт да одлучи кога ќе ја продолжи процедурата. Со оваа одлука ќе се стави крај на една голгота, што семејствата на загинатите бранители и ние како иницијатори три години ја доживуваме. Нашата цел е на тој начин да се одолжи градот на нашите сограѓани - вели Предраг Петрушевски Бинго, претседател на Здружението бранители.
Препораката за донесување на одлуки за изградба на спомен обележја во Општините, без согласност на претставниците на малцинските зедници, туку само со просто мнозинство, Советот ја добил од Министерството за локална самоуправа.
Бранителите бараат споменикот да се постави на локација на Кејот на реката Кумановка.