Србин шверцувал 300 кила кафе
03.01.2011 10:35
| KumanovoNews
300 килограми кафе во зрно, откриле мобилните царински тимови при контрола на камион со српски регистарски ознаки.

Возилото го управувал српски државјанин, кое било пријавено за излез од државата, на граничниот премин Табановце автопат. Непријавената стока била сокриена во просторот за палети на возилото, кое било натоварено со овошје наменето за увозник во Србија.