×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Средата се враќа на добиточниот пазар ?

    15.03.2011 12:12 | KumanovoNews

     Кумановскиот добиточен пазар во Долно Којнаре во комплексот на Земјоделското училиште ,,Киро Бурназ‘‘ влезе во агендата на општинската политика како едно од приоритетните прашања за  решавање во најскоро време.

    Средата се враќа на добиточниот пазар ?

     Пазарот финансиски добро работи, меѓутоа со години претставува ,,чир‘‘ за месното население на Долно Kојнаре и за поширокото опкружување. Главен проблем е што секоја сабота околу Пазариштето се создава голем метеж од крупен и ситен добиток, трактори, камиони, лесни возила и луѓе, а згора и диви пазарџии со распослани ситнурии - алати, вреќи со жито, грав, арпаџик, кучиња, кокошки и петли, јајца и друго. Буквално, секоја слободна педа околу единственио приод на Пазариштето е зафатена. Мостот како единствен приод и влез на пазарот е вистинско тесно грло бидејќи по него нема теорија да се разминат две поголеми товарни возила. Посебна приказна е кога по мостот треба да помине возило на Брза помош или противпожарна интервенција. Нешто мора да се презема, велат жителите од Долно којнаре, а особено тие што имаат куќи во непосредна близина на пазарот. Добро е што на тоа мислење е и управата ЈП ,,Пазаришта‘‘, а добија поддршка и од Советот на Општината Куманово. Во предвид се две алтернативни решенија: проширување на постојниот мост, или отворање на поодамна планираниот нов приод со уште еден мост, околу 500 метри подолу од сегашниот. Според оваа алтернатива долниот мост би бил влез, а сега постојниот излез од Добиточниот пазар. На вакво решение инсистира и Месната заедница во Горно Којнаре.

    Што се однесува до граѓаните со куќи покрај самиот пат и до Земјоделското училиште ,,Киро Бурназ‘‘ најдобро решение е Добиточниот пазар воопшто да го нема. Дотолку повеќе што ЈП  ,,Пазаришта‘‘ излегува со предлог - решение да се врати средата како пазарен ден, односно како што беше некогаш во ,,старите добри години‘‘ кога кумановскиот пазар вриеше од добиток од широкиот региона од Прешево и Бујановац до Кочани и Штип. Кога средата повторно би се вратила како пазарен ден, најмногу ќе биде погодено Земјоделското училиште, доколку претходно не се обезбедат пристапните решенија.