Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Средношколци од здравствената струка во техничкото училиште “Наце Буѓони“ во второто полугодие ќе држат предавања на актуелни теми за ученици од основните училишта.
Имаме презентација на тема “Наркоманија“ со вистински лик кој го раскажува искуството како од роденденска забава земал дрога и завршил во Психијатриска болница. Не се открива идентитетот на човекот, а приказната е многу поучна. Младите ќе научат дека треба да бидат внимателни за да не западнат во канџите на дрогата - вели Ленче Ѓоршевска Анѓеловиќ, професор по стручни предмети во “Наце Буѓони“.
Во наредниот период средношколците планираат да направат предавање за старите лица во “Зафир Сајто“ и да ги едуцираат за висок крвен притисок и шеќер во крвта