Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод одбележувањето на 621 годишнината на Битката на Косово и прославувањето на Видовден во Македонија, Обединетата српска зедница Куманово, синоќа организираше свеченост во Младинскиот културен центар „Козјак„.
На прославата настапија културно-уметничките друштва „Копаоник„ од Лепосавиќ и „Срма„ од Куманово, како и познатата интерпретаторка на српски изворни песни Светлана Стевиќ од Белград.
На свеченоста присуствуваше и амбасадорот на Србија во Македонија Томислав Ѓурин кој им се обрати на присутните и го искажа своето задоволство што на прославата на Видовден во Куманово се обединија четири невладини организации и две културно-уметнички друштва. Тој изрази надеж дека наредните одбележувања Србите ќе бидат поединствени од сега. Амбасадорот не пропушти да го спомене и значајното достигнување во Куманово, меѓуетнички соживот и толеранција со која се воведе употребата на српскиот јазик во официјална употреба во локалната самоуправа.
Куманово е позитивен пример за официјализирање на мултиетничките вредности, кои не се познати не само во Македонија туку и пошироко-рече Ѓурин.
Настапите на КУД „Копаоник„ од Лепосавиќ и „Срма„ од Куманово беа наградени со голем аплауз. Препознатливите вокални интерпретации на изворните српски песни на Светлана Стевиќ посебно ја одушевиа публиката во Куманово.