Мени

Српската заедница однесе подароци во неколку училишта

15.02.2011 09:35 | KumanovoNews

По повод Свети Сава, националниот празник на Србите во Македонија, претседателството на Српската заедница во Македонија – Регионален Одбор Куманово и нејзините членови, ги посетиа учениците кои посетуваат настава на српски јазик и им однесоа пригодни подароци.

Српската заедница однесе подароци во неколку училишта

Во Основните училишта „11 Октомври„ подрачна единица во с.Речица, Браќа Рибар во с.Табановце и подрачна единица во с.Четирце, на учениците им беше подарен училишен прибор.

Директорите на училиштата се заблагодарија за вниманието, и истакнаа дека соработаката помеѓу училиштата и невладините организации ќе продолжат и понатаму.

Српската заедница Куманово планира посета и на други училишта во градот каде што ќе бидат однесени подароци на учениците.