Старец паднал од тераса и починал
30.04.2011 14:21
| KumanovoNews
Вејсел А.(81) од Куманово, ноќеска паднал од тераса на својот стан од зграда спроти Македонски пошти и се здобил со фатални повреди.

Старецот облеан во крв околу 02,30 часот на тротоарот го пронашло момче, кое поминувало по улицата „11 Октомври„. Веднаш повикало Брза помош и повредениот бил пренесен во Ургентниот центар, каде починал. Од истрагата било утврдено дека Вејсел додека бил сам во својот стани и од неоградената тераса висока 4 метри паднал на тротоарот. При тоа се здобил со повреди на главата. Истиот боледувал од склероза и често неконтролирано излегувал од станот. Телото е оставено на фамилијата за погреб.