×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Старо Нагоричане ќе добие Туристичко-информативно биро

    29.11.2010 10:19 | KumanovoNews

     Локалната администрација на Старо Нагоричане работи на отварање на Туристичко-информативно биро, преку кое ќе се даде подршката на туризмот во Општината.

    Старо Нагоричане ќе добие Туристичко-информативно биро

    Со поголема презентација на туристичкиот потенцијал и организирано прифаќање на гостите ќе се настојува да се привлечат што поголем број на туристи. Општината неодамна учествуваше и на манифестација Еко-етно Македонија во Скопје, каде се претстави како најголемо етно-село во државата.

    Општината располага со голем број на културно-историски знаменитости и туристички потенцијал што беше претставен на посетителите. При тоа акцент се стави на здравата храна, на подготвување на традиционалните јадења, кои посетителите имаа можност да видат како се подготвуваат, а воедно и да ги вкусат.Презентацијата предизвика голем интерес за нашата приказна за развоју на селскиот туризам во Општината - вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.

    Општината посебно е горда на мегалитската опсерваторија Кокино, црквите Свети Ѓорѓи, Забел, споменикот Зебарњак,  убавата и недопрена природа по течението на реката Пчиња во селата на Козјачието.