Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Делегација од Општината Старо Нагоричане, предводена од градоначалникот Миодраг Јовановиќ мината недела била во посета на Општината Добровник, Р.Словенија.
Општината Добровник е слична на нашата Општина, се граничи со Унгарија. Градоначалникот Миодраг Јовановиќ со соработниците беше примен од неговиот колега Марјан Кардинар, каде се водеа разговори за заедничко учество во фондовите на Европска Унија. Започнавме и процедура за збратимување на нашите две општини. Меморандумот за соработка и збратимување ќе ги опфати развојот и напредок на нашата Општина со искуствата на Општина Добровник. Исто така, беа посетени позитивни проекти кои веќе се финансирани и изведени во Словенија- велат од Општината.
Делегацијата од Старо Нагоричане ја посетила и Општината Лакташи во Р.Српска, каде се продолжила соработката од 2009 година. Таму биле договорени наредните чекори за развојот на двете Општини.