Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општината Старо Нагоричане денеска потпиша Меморандум за соработка со Сојузот на воени инвалиди на Македонија.
Општината ќе соработува со ова здружение во организирање на културни настани, а се планира да им бидат доделени и објекти на користење.
Активностите кои ги прави Сојузот на воени инвалиди и нашите планови се поклопија, имаме иста цел. Сакаме да покажеме дека можеме да соработуваме ако имаме исти идеи, исти планови. Тие пројавија интерес некои објекти да им се дадат на користење, тие со свои средства ќе учествуваат во обновата. Пред се тие објекти треба да ги сочуваме,за активностите кои ги планираат, за културни случувања, за размена на ученици, размена со други сојузи на Балканот - изјави Миодраг Јовановиќ, градоначалник на Општина Старо Нагоричане.
Од Сојузот на воени инвалиди велат дека на ваков начин ќе се помогне за рехабилитација на најранливата категорија на граѓани.
Има убави објекти кои ни се нудат, да ги реновираме и да ги оддржуваме. Ќе им помогнеме на воените инвалиди, не само на нив туку и на останати здруженија. Просторот кој ни се нуди од страна на градоначалникот ќе биде добро одржуван, среден, едноставно ќе го доведеме во многу добра состојба. Сите ќе бидат благодарни и нема да се распаѓаат објектите - вели Ацо Јаневски, заменик претседател на Сојуз на воени инвалиди на Македонија.
Во Старо Нагоричане има околу 15 воени инвалиди кои досега не членувале во Сојузот и најверојатно ќе функционираат како огранок.