×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Старо Нагоричане се подготвува за заштита од нови поплави

    29.01.2015 09:32 | KumanovoNews

    Со подигање насипи по течението на река Пчиња и информирање на месното население за заштита, општина Старо Нагоричане се подготвува за заштита од евентуални нови поплави, кои се очекуваат викендов.

    Старо Нагоричане се подготвува за заштита од нови поплави

    Насип ќе биде направен на мостот на Пчиња кај село Враготурце, а ќе се исчистат и критичните точки кај селата Коинце, Драгоманце и Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

    “Доколку дојде до поплави и граѓаните имаат потреба од испумпување на вода од подруми и други простории, ќе треба да побараат помош од Територијална противпожарна единица на 495 666. Известени се претседателите на месните заедници дека при поплави не треба да се движат и задржуваат покрај течението на реките. Известена е полицијата во Старо Нагоричане и граничната полиција за време на тие критични денови да биде присутна повеќе на терен. Ако имаме потреба ќе побараме помош од Дирекција за заштита и спасување и Регионален центар за управување со кризи“ - велат од општина Старо Нагоричане.

    За заштита од поплави општината ќе ги употреби сите ресурси, вклучувајќи ги Територијалната противпожарна единица, Доброволно противпожарно друштво и комуналното претпријатије “Козјак“.