Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Општината Старо Нагоричане започна имплементацијата на прокетот за подобрување и остварување на правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во РМ.
Проектот го спроведува Агенцијата за остварување на правата на заедниците во соработка со ОБСЕ, а покрај државните институции, здруженија на граѓани и фондации се вклучени и повеќе локални самоуправи, меѓу кои и Старо Нагоричане.
На состанокот градоначалникот Миодраг Јовановиќ ги запозна присутните за високиот степен на толеранција и добрите меѓуетнички односи во Општината. Гостите имаа можност да се запознаат и со достигнувањата на Општината во изминатиот период.Истовремено беше извршена презентација на тековните проекти од областа на прекуграничната соработка со Србија и Бугарија. На средбата беше договорено во иднина да се воспостави поблиска соработка помеѓу Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Општината Старо Нагоричане. Алан Филипс и представникот на ОБСЕ се заблагодарија за топлиот прием во Општината и изразија желба за поуспешна соработка- велат од Општината.
На работниот состанок, покрај домаќинот Јовановиќ, присуствуваа и советниците Сузана Димковиќ, Живорад Филиповиќ, претседател на месна заедница Чедо Спасовски, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Весна Бабиќ – Петровски, експерт во Советот на Европа Алан Филипс и претставник од набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје Вероника Кристкова.