×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Старо Нагоричино се претстави на саем во Белград

    28.02.2011 15:40 | KumanovoNews

    Општина Старо Нагоричане учествуваше на меѓународниот саем за туризам во Белград кој се одржа од 24 до 27 февруари годинава.

    Старо Нагоричино се претстави на саем во Белград

    На саемот имаше повеќе од 900 излагачи, а Старо Нагоричане учествуваше заедно со Ќустендил од Бугарија и Сурдулица од Србија, под заедничко мото „Туризам - Карика која спаја“.

    Покажавме дека три општини од три држави можеме заеднички да се организираме и да соработуваме за наши цели и идеи! Општината се претстави со своите потенцијали за туризам како културно - историски споменици и црквите: "Св.Ѓорѓи", Старо Нагоричане, црквите во Младо Нагоричане, двојната црква во Сув Ора, манастирите Забел и Карпино, спомен костурница Зебрњак, мегалитска опсерваторија Кокино итн. Посетителите имаа можност да чујат и за природни реткости како што се бањата Стрновац, реката Пчиња, Костоперска карпа, како потенцијал за развој на алтернативниот туризам- вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.

     На саемот, штандот на општината го посетија повеќе туристички организации од Србија, како и познати странски тур - оператори, на кој им беа поделени печатени материјали за културно - историските споменици и природни реткости на општината.