Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Корисниците на услугите на Банката треба да си ги променат броевите на тарнсакциските картички, бидејќи Статер банка АД - Куманово од 1 јануари 2011 година се присоедини кон Централната кооперативна банка АД Скопје.
Со тоа сите корисници на услугите на оваа банка стануваат дел од големото семејство на Групацијата ЦКБ. Во таа насока бројот на денарските трансакциски сметки на сите иматели-корисници треба да се замени со нов. Барањето се поднесува на централниот шалтер за информации во холот на ЦКБ АД Куманово, по што клиентите пополнуваат одредени формулари за апликација. Банкомат картичките за повлекување готовински денарски износи засега нема да се менуваат.