×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стечајците ја проколнаа Владата

    30.12.2010 15:25 | KumanovoNews

    Тие сред раскрсница симболично накитија елка, на која наместо лампиони ставија пораки до премиерот, „Влада во стечај Грујо на биро„ и  „Нафатирана влада, гладен народ„.

    Стечајците ја проколнаа Владата

     Стечајните работници од Здружението „УНИТ„ денеска еден ипол час го блокираа влезот на Куманово. Тие  на сред улица симболично накитија елка, на која наместо лампиони ставија пораки до премиерот, „Влада во стечај Грујо на биро„, „Нафатирана влада, гладен народ„ и др.

    Немаме скршен денар за прослава на Нова година.Два месеци доцни социјалното и ние ќе славиме со празна трпеза. Со расолница, лепче и пипер, а кој има гравче да свари, тоа ќе ни биде за празниците. Му порачувам на нашиот премиер да даде господ, како ние што ќе ја чекаме Нова година, така да чека неговото семјство и неговите деца. Ова е клетва од стечајците затоа  што веќе кал под нокти немаме, а тој си игра со нас - вели претседателката Лиљана Георгиевска.

    Стечајците тврдат дека некој постојано им се заканува дека физички ќе се пресмета со нив и дека завршат во затвор, поради што претседателката Георѓиевска морала да го смени бројот на мобилниот телефон. Стечајците даваат подршка на тутунарите и социјалните и најавуваат порадикални чекори во наредната година се додека не се исполнат навните права.