Стечајците утре на Табановце
22.02.2011 17:09
| KumanovoNews
Стечајните работници од Куманово, најавуваат дека утре од 12 до 14 часот ќе го блокираат патот пред граничниот премин Табановце.

Според најавата на претседателката Лилјана Георгиевска, стечајните работници и технолошки вишок уште еднаш ќе ја потсетат власта за нивните барања за паричен надомест до пензионирање. Протестот е пријавен во полицјата, а тргнувањетое од пред зградата на Комитет во 10 часот.
На протестот се очекува да се приклучат стечајците од цела Македонија.