×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сто и осум години од загинувањето на Гоце Делчев

    04.05.2011 13:14 | KumanovoNews

     Денеска се навршуваат сто и осум години од загинувањето на идеологот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев.

    Сто и осум години од загинувањето на Гоце Делчев

    Венци и цвеќе пред бистата на најголемиот македонски револуционер во дворот на гимназијата „Гоце Делчев„ положија претставници од локалната и централната власт, политички партии, невладини организации, борци и граѓани. Присутните ги поздрави директорот на училиштето Љубиша Николиќ.

    Денеска славиме 66 години постоење на училиштето и 108 години од загинувањето на Гоце делчев. Да се зборува за ликот и делото на Гоце ёделчев е голма гордост и посебна чест, но истовремено и голема одговорност. За тоа што тој се залагаше и за што се бореше ние денеска ги чувствуваме сите благодети во независна Република Македонија- рече Николиќ.

    Најголемиот македонски револуционер е убиен од отоманската војска на 4 мај 1903 година во селото  Баница. Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО  работел на создавање мрежа на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

    Во зачуваните писма Делчев пишува дека се бори за слободна и независна Македонија, со широки права на сиромашното население:  „Успехот на борбата ќе дојде со планомерна работа со која ќе им се наложиме на просветените Турци, Грци, Власи, Арнаути. Ќе ги убедиме дека ние искрено се бориме за прогресивно-културна држава, основана врз радикални и социјални принципи во животот и, тогаш, тие добороволно ќе ни подадат братски рака, здружно ќе ја продолжиме сестраната борба. Јас така и го разбирам светот: како поле за културно натпреварување на народите“.

    Делчев се противел на подигнувањето на Илинденското востание сметајќи дека е прерано, но неколку месеци по неговата смрт во Крушево започна востание кое беше задушено во крв по десет дена.

    Сто и осум годишнината од загинувањето на Гоце Делчев во земјава се одбележува со бројни манифестации.