Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Старо Нагоричане потпиша Договор за соработка со приватна високообразовна установа Меѓународен славјански институт „Г.Р.ДЕРЖАВИН“ Свети Николе.
Договорот се однесува на соработка и за уредување на меѓусебните права и обврски во однос на ангажирање на човечки ресурси од страна на Факултетот, како практиканти во Општина Старо Нагоричане.
Договорот го потпишаа градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ и проф.Др. Душко Николовски од Славјанскиот институт.
Практикантите ќе се ангажираат врз основа на Согласност за прием на студенти на стручна пракса, од редот студенти на ПВУ МСИ, а Општина Старо Нагоричане, ќе овозможи нивно практично оспособување и ќе ги користи нивните способности за унапредување на Општината како и на туризмот во неа.