Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
О.К.(33) од Куманово се здобил со сериозна повреда на главата , откако С.С. (34) го удрил со чекан, затоа што побарал да му ги врати парите што му ги должел, и го обвинил дека е во љубовна врска со жена му.
Инцидентот се случил вчера во 10 часот на ул.„Ѓуро Ѓаковиќ“, кога сопруг дошол кај швалерот да се расправат за долгот и швалерството со жена му. Тогаш љубовникот го земал чеканот и го удрил по главата сопругот. За да се одбрани О.К. зел пластичен кабел и тргнал да се пресмета со напаѓачот, но во моментот дошол нивен сосед кој спречил во намерата. Повредениот О.К. е пренесен во кумановската болница, и поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентниот центар во Скопје. С.С. е приведен во СВР-Куманово и против него ќе биде поднесена пријава за тешка телесна повреда.