Свечена седница за Денот на борецот
07.10.2010 12:18
| KumanovoNews
Сојузот на борците од Куманово утре во 11 часот ќе одржи Свечена седница на општинскиот одбор, каде ќе се доделат признанија и благодарници на истакнати членови на боречката организација.

По тој повод ги повикуваме сите заинтерсирани граѓан да дојдат на седницата во кружната сала на Комитет.Предвидена е и мала културна програма, ќе настапи хорот на пензионеското друштво „Ѓоко Симоновски„ и рецитал-вели Цоки Ристевски, потпредседател на Сојузот на борци.
На 11 Октомври, борците ќе се приклучат на прославата на празникот на Спомен костурницата што ја организира Локалната самоуправа Куманово.