Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српската зедница во Македонија, со Светосавска академија, синоќа во кумановскиот театар го одбележа националниот празник на Србите во Република Македонија.
На академијата настапија ученици од основното училиште „Светозар Марковиќ„ од Старо Нагоричане и културно-уметничкото друштво „Српски вез„ од Куманово, како и други уметници. Присутните ги поздрави заменик министерот за култура Драган Недељковиќ во името на Владата.
- Седма година како „Свети Сава„ е национален празник на Србите во Република Македонија. Ние ја имаме таа среќа, бидејќи единствено ние „Свети Сава„ го славиме како национален празник, додека во другите земји, па и во матичната, тој се слави како училишна и верска слава. Ние тоа секаде го потенцираме, и кажуваме дека државата ни овозможи како мала етничка заедница да имаме свој национален празник, - изјави Недељковиќ.
Претседателот на Српската заедница во Куманово Горан Зафировиќ им го честиташе празникот на присутните, потсетувајќи на делата на големиот учител и градител Свети Сава.
Свети Сава зад себе остави многу градејќи цркви и манастири и затоа го славиме со векови и ќе го славиме додека постои српскиот народ. Со голема почити вечерва се слави во Куманово, а се празнува и во повеќето градови во Македонија. Утре ќе се одржи свечена академија во Скопје, -рече во обраќањето Зафировиќ.
На академијата присуствуваа истакнати личности од политичкиот и културен живот на Србите во Куманово и Македонија, како и амбасадорката на Србија во РМ.