Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српската заедница во Македонија, регионалната организација Куманово, организира одбележување на 101 година од Кумановската битка на Зебарник во недела.
Една од најголемите битки на балканските простори од поновата историја ќе ја одбележиме на 27.10., на споменикот на паднатите борци Зебарник со почеток во 11 часот. На одбележувањето помеѓу другите е најавено и присуство на министерот за одбрана на Србија Небојша Родиќ.-изјави Горан Зафировиќ, претседател на СЗ Куманово.
На прославата ќе се организира богата културно-уметничка програма. Српската заедница од Куманово организира автобуски превоз до Зебрњак, а поаѓањето е од булеварот Октомвриска Револуција во 8.30 часот.
(фото: Од минатогодишната прослава)