Мени

Тешко повреден работник откако паднал од зграда на „Октомвриска“

22.07.2026 14:42 | KumanovoNews

Работник се здобил со тешки телесни повреди откако паднал додека работел на зграда на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово. 

Тешко повреден работник откако паднал од зграда на „Октомвриска“

По укажаната прва помош, тој е пренесен на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Според информациите од МВР, вчера во 17:00 часот лекар пријавил дека во Итната медицинска помош со тешки телесни повреди бил донесен С.Т. (65) од Куманово.

„Според пријавеното, тој со повредите се здобил при пад од зграда на булеварот „Октомвриска револуција“ додека извршувал работни задачи. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.