Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
НСДП утре ќе одржи трибина во кружната сала на Комитет, на тема „Актуелните состојби во Република Македонија, по напуштање на опозицијата на парламентот„. На трибината ќе говори лидерот на партијата Тито Петковски.
Оваа трибиба е резултат на актуелните случувања во Македонија, на политички, економски, меѓународен план, серија на штрајкови, притисок врз медиумите, растечкото незадоволство кај народот од актуелната власт, и како неминовен след на сето ова, напуштањето на опозицијата на Парламентот. Затоа ги покануваме нашите членови и симпатизери, и останатите граѓани да дојдат на трибината- рече портпаролката Маја Богдановска-Михајловска на денешната прес конференција.
Трибината започнува во 19 часот.