Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За нов претседател е избран Златко Крстевски адвокат од Куманово, како и 7 члена на Општински комитет на ТМОРО-ВЕП со решение истиот во наредниот период да биде проширен со уште неколку членови на партијата.
Новиот општински комитет ќе го сочинуваат: Јовица Трајковски, Бобан Бошковиќ, Дејан Пешевски,Зоран Јакимовски, Зорица Илиевска, Мартин Величковски и Милош Живковиќ.
Тајната македонско-одринска револуционерна организација (ТМОРО - ВЕП) на чие чело е Страшо Ангеловски, синоќа во Куманово формираше Општински комитет од 7 членови и ги постави основите за наредниот четиригодишен манадат. Натамошното омасовување на оваа партија во Куманово и претстојните парламентарни и локални избори ќе бидат најприоритетните задачи на ТМОРО-ВЕП- рече досегашниот претседател Тони Трајковски, кој на чело на општинската организација беше изминатите две години.
Тој на последниот конгрес на партијата е избран за член на Извршниот одбор на ТМОРО - ВЕП (на централно ниво) поради што доаѓа до промена во раководството на општинската организација.