Торта за децата со посебни потреби
08.11.2010 14:34
| KumanovoNews
Советниците на СДСМ денеска ги посетиа штитениците од Дневниот центар „Порака-Наша„ и однесоа торта. Подарокот е по повод празникот на градот и 20-годишнината од општинската организација на СДСМ.

Ги искористивме двата повода да им подариме една убава торта на овие млади луѓе и да се дружиме со нив. Истовремено да видиме кои се нивните потреби и како можеме да им помогнеме и понатаму да опстојуваат да работата и да се дружат.Ние ги посетуваме и без повод. Се надевам дека со време ќе се изнајдат сретства и ќе се најде начин подобро да функционира центарот - рече Снежана Захариева, претседателка на ОО СДСМ.