Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стефан Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска даде свечена заклетва и му беше верификуван мандато во Советот на Општината. Тој во советот доаѓа на местото на Миомир Панковски, кој си поднесе оставка поради неспоивост на функции.
Мене ова мени ми е втор мандат со прекин од 1,5 година.Доaѓам со одредено искуство како советник и ќе се залагам да има континуитет во решавањето на проблемите во урбанизмот и комуналните работи каде што граѓаните најмногу се засегнати. Особено ќе се ангажирам да се поправат некои работи кои со години се провлекуваат и станаа голем проблем, а тоа е урбаниот и сообраќајниот хаос, издавањето на дозволи за градба. Имаме силен бран на градење од страна на печалбарите во Ирак и Авганистан и ние како локална самоуправа имаме обврска да внесеме ред и да ги дадеме насоките по кои ќе се развива градот - вели Трајановски.