×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тргнал на жетва завршил под воз

    20.07.2014 11:20 | KumanovoNews

      Мотоциклистот, кој утринава смртно страдаше на пругата во селото Романовце, тргнал во полето да жнее жито.

    Тргнал на жетва завршил под воз

     Несреќата се случила кога со моторот дошол на обележаниот железнички премин, на стотина метри од неговата куќа и сакал да ја помине пругата. Тогаш на него налетал возот кој се движел кон Скопје. Од ударот на локомотивата моторот летал десетини метри и неколку пати се превртел. При тоа Ивица се здобил со фатални повреди. Веднаш била повикана Брза помош, но лекарите само ја констаирале неговата смрт.

    Жителите на Романовце се во шок од она што се случило на нивниот сосед.

     - Човекот милион пати има поминато на таа рампа затоа што живее во близина и таму му е имотот. Комбајнерот пред него заминал да му жнее а тој со мотор да однесе вреќи. Незнам што се случило можеби не работела сигнализацијата. Голема штета златно дете беше. Имаме три железнички премини во селото и воопшто не се безбедни, никогаш незнаеш како ќе поминеш. Има сигнализација ама не се знае кога работи. Многу често се случуваат несреќи, но досега немало жртви. Многу е опасно, а никој не води ред за тоа- вели Дане Митровски, жител на Романовце.

    Селаните велат дека Ивица бил многу чесен и вреден земјоделец, кој имал комбајни и друга механизација и им помагал. Тој оставил сопруга и две малолетни деца.

     Увид на лице место извршиле полициско-судски екипи и се работи на утврдување на причините за несреќата.