Три улици се без вода
13.09.2012 07:36
| KumanovoNews
Вода нема на две улици во центарот на градот и една во приградска населба.

Граѓаните кои живеат на улиците “Браќа Филиповиќ“, “Вера Јоциќ“ и “400“ во населата Иго Тричковиќ, утринава се без вода за пиење. Дефектот на водоводните цевки ќе го санираат екипите од ЈП“Водовод“. За неколку часа снабдувањето со вода треба да се нормализира.
Други прекини во снабдувањето со вода не се регистрирани.