×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Трибина за положбата на Ромите во Куманово

    07.04.2011 14:25 | KumanovoNews

     По повод утрешниот Осми април - Светски ден на Ромите, Ромската заедница на Куманово и Месната заедница Средорек денеска одржаа трибина посветена на положбата на Ромите во општественото уредување на Република Македонија.

    Трибина за положбата на Ромите во Куманово

    На трибината говореше Зекир Ќазимовски во својство на претседател на Ромската заедница. Советот на Општината Куманово,е прва општина во државава која обезбеди услови за рамноправна употреба на ромаскиот како службен јазик покрај македонскиот, албанскиот и српскиот јазик во работата на органите на локалната самоуправа.

    „Самиот факт, за службената употреба на нашиот мајчин јазик, е голема придобивка на Ромите и светол пример за другите општини во државава во кои живеат Ромите‘‘ - рече Ќазимовски во поздравното обраќање до присутните на трибината.

    Во пригодниот реферат тој потсети на корените на расеаните ширум светот над 15.000.000 Роми од нивната прататковина Индија.

    „Со излегувањето на Ромите од прататковината Индија и со нивното непрекинато патување и населување по светот непрекинато биле обеспарвувани, односно не ги имале истите човекови права како народите меѓу кои живееле. На досегашните четири одржани Конгреси на ромите во различни земји во светот се искристализирани човековите и политичките права на Ромите како основа за борба на нивната севкупна еманципација. На таа основа Република Македонија има отидено можеби најдалеку во имплементацијата на одредбите од областа на правата на Ромите. Денес Ромите во Македонија учат на свој јазик, ги има како политичари, лекари, правници, пратеници и министри. Во државната администрација се вклучени над 250 Роми. Тоа се придобивки на кои ние сме искрено благодарни, но и обврзни да дадеме свој придонес во натамошниот демократски развој на нашата Република Македонија‘‘ - рече на трибината Ќазимовски.

    Инаку, Светскиот ден на Ромите во Куманово денес и утре ќе биде одбележан и со повеќе културно - забавни манифестации меѓу кои и вечерашната модна ревија и традиционалниот фестивал на ромска музика ,,Рома фешн‘‘ во Центарот за култура ,,Трајко Прокопиев‘‘.