Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Седницата ќе се одржи утре во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10 часот.
На Дневен ред ќе се најдат следниве точки:
1. Извештај за реализација на Програмата за работа на Советот на Општина Куманово за 2010 година;
2. Предлог - Програма за работа на Советот на Општина Куманово за 2011 година;
3. Програма за работа на ЈОУ Библиотека ‘‘Тане Георгиевски‘‘ – Куманово во 2011 година;
4. Предлог – Програма за меѓународна соработка и евроинтеграции на Општина Куманово за 2011 година;
5. Предлог –Оперативна програма за културни манифестации во Општина Куманово за I квартал од 2011 година;
6. Информација за состојбата со просторни услови за работа на урбаните и месните заедници во Општината Куманово;
7. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за исплата на парични средства од Буџетот на Општина Куманово за 2010 година;
8. Предлог- Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2011 година;
9. Предлог – решенија за разрешување и именување на членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија во Општината;
10. Предлог – решенија за разрешување и именување на членови на училишни одбори во основни и средни училишта во Општината;
11. Предлог – решенија за разрешување и именување на членови на управни и надзорни одбори во јавните установи во Општината