Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На дневен ред ќе се најдат единаесет точки, меѓу кои неколку извештаи за работата на јавните претпријатија, а најзначајна ќе биде донесување на буџетот за 2011 година.
Советот на Општината Куманово утре ќе ја одржи триесет и осмата редовна седница. На дневен ред ќе се најдат единаесет точки, меѓу кои неколку извештаи за работата на јавните претпријатија, а најзначајна ќе биде донесување на буџетот за 2011 година.
1.Работна програма на Јавно претпријатие „Водовод„-Куманово за 2011 година;
2.Програма за финансиски средства потребни за работа на Пречистителна станица за отпадни води во Куманово за 2011 година;
3.Работна програма на Јавно претпријатие „Куманово – гас„-Куманово за 2011 година;
4.Програма за работа на Јавно претпријатие „Кумановo – паркинг„- Куманово за 2011 година;
5.Информација за настанати штети од поплави на подрачјето на населените места во Општината Куманово – Клечовце, Јачинце, Довезенце и Бељаковце;
6.Предлог – Одлука за исплата на парични средства од Буџетот на Општината Куманово за 2010 година;
7.Предлог – Буџет на Општината Куманово за 2011 година;
8.Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2011 година;
9.Предлог – Одлука за утврдување на висината на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општината Куманово за 2011 година;
10.Предлог – Решение за давање согласност на одлуките на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка ‘‘Ангел Шајче‘‘ – Куманово за отуѓување на основни средства;
11.Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2011 година.