Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Директорот на туристичка организација на Бања Лука, Остоја Барашин со своите соработници вчера престојуваше во општината Старо Нагоричане.Во официјалната посета се разговараше за заедничко унапредување на туризмот и здружување на Општина Старо Нагоричане и ТО Бања Лука, Република Српска.
Во целодневната посета гостите ги посетија црквата „Св.Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане и спомен - костурницата на Зебрњак, мегалитската опсерваторија Кокино и сите поважни културно историски споменици. Општина Старо Нагоричане со својот потенцијал, како приоритет го има развивањето на туризам, како еден од основните правци за Локален Економски развој на Општината. За таа цел, имаме огромна соработка и подршка од туристичките организации во регионот-вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.