Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Започна со работа нова телевизија во градот.
Телевизија Плус е локална телевизија, која својот сигнал ќе го емитува преку мрежата на кабелските оператори во општината Куманово. Таа е прва телевизија во државата, која покрај на македонски јазик има концесија за емитување на програма и на српски јазик.
Локалната телевизија од денеска започнува со информативна програма. Од понеделник до сабота во термините од 18 и 22 часот ќе се емитува телевизискиот Дневник, а во недела ќе оди ретроспектива на најзначајните настани.
Како нов медиум ќе дадеме сè од себе да се наметнеме кај гледачите со својата професионалност и објективност, ветуваме дека секогаш ќе бидеме на страна на граѓаните и нивните проблеми – објаснува Драган Ивановски, директор во ТВ Плус.
Во програмата на ТВ Плус покрај Дневникот ќе бидат реализирани и други информативни емисии.