×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уапсена измамничка од Бугарија, излажала две жени дека ќерките им се повредени во сообраќајка

    04.01.2024 17:43 | Сузана Николиќ

    В.Е.И.(58) од Република Бугарија е уапсена на граничниот премин Деве Баир, под сомнение дека измамила две жени.

    Уапсена измамничка од Бугарија, излажала две жени дека ќерките им се повредени во сообраќајка

    „Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ – Сектор за општ и насилен криминал во соработка со СВР Куманово, СВР Скопје и ОВР Свети Николе расчисти две кривични дела „измама“ извршени на 29.11.2023 и 10.12.2023 врз две жени од Куманово и Свети Николе и ќе поднесе кривична пријава против В.Е.И.(58) од Република Бугарија поради сомнение дека ги извршила делата“, соопшти МВР. 

    Осомничената се јавувала кај оштетените и им кажувала дека нивните ќерки предизвикале сообраќајни несреќи и дека се наоѓаат во тешка состојба и затоа требале да дадат одредена сума на пари на лекар за да им бидат извршени хируршки интервенции. 

    На 03.01.2024 во 18.45 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници ја лишиле од слобода В.Е.И., по што била пренесена во СВР Куманово, каде што бил извршен службен разговор со неа.