×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Убиецот однел 2,3 милиони денари

    15.01.2011 12:32 | KumanovoNews

    Бранко Петрушевски (62) од Куманово е застрелан со три куршуми во грбот додека сакал да ги внесе парите за дневниот пазар од колата во неговата менувачница „Дај-Дам„. Маскираниот разбојник од убиенот ја одзел чантата со повеќе од 2,3 милиони денари и побегнал.

    Убиецот однел 2,3 милиони денари

    Според полицијата, околу 7 часот непознато лице со фантомка на главата и вооружено со пиштол од зад грб го застрелал Петрушевски со три куршуми, додека тој излегувал од автомобилот пред менувачницата, а неговата сопруга веќе била во дуќанот. Напаѓачот без предупредување пукал кон него, по што се претпоствува дека Петрушевски го извадил пиштолот што го имал кај него, но не успеал да го употреби и паднал на тротоарот.

    Таксисти од околниот паркинг притрчале да му помогнат, и повредениот го пренеле во кумановската болница, каде од страна на лекар била констатирана смрт која настанала како последица од прострелни рани во пределот на градниот кош.

    Увид на местото на настанот извршија Истражен судија при Основен суд Куманово, Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

    По наредба на Истражен судија телото на починатиот е предадено на обдукција во Судска медицина во Скопје. СВР Куманово работи на откривање на сторителот и целосно расчистување и документирање на случајот.