Убиствата ги извршило момче на девојката
23.12.2010 17:23
| KumanovoNews
Двојното убиство во населбата Ајдучка Чешма го извршило момче на Даниела Лазаревска.

Според првични информации убиството се случило поради љубовна расправија во времето додека Сузана и Данела биле сами дома, откако таткото го одвел другото дете на училиште. Убиецотоколу 13.30 часот испукал неколу куршуми во жените и си заминал. Убиството го открила роднина која дошла кај нив дома околу 16 часот и пријавила во полиција. Подоцна дома дошол и сопругот. Откако го извршил ладнокрвното убиство момчето побегало и полицијата трага по него. Семејната куќа на Лазаревски се наоѓа на крајот на населбата.